Како да изберете пакет мобилни податоци

Еве неколку корисни совети како да изберете пакет за домашен интернет или мобилни податоци.

Вашиот пакет податоци

Пакетот податоци е дел од вашата услуга за домашен или мобилен интернет. Во тој пакет се вклучува пакетот податоци или квота, што претставува максимално количество податоци што можете да го употребите во текот на еден месец за одредена месечна цена.

  • Податоците се начин за мерење колку го користите интернетот.
  • Податоците се мерат во гигабајти (GB). Повеќе податоци чинат поскапо и ви овозможуваат да правите повеќе на интернет.
  • Пакетот за домашен интернет обично дозволува да користите повеќе податоци за помалку пари од пакетот за мобилни податоци.
  • Ако во еден месец употребите повеќе податоци од месечниот пакет, може да платите повеќе, но нема да платите помалку ако во месецот сте искористиле помалку податоци.
Илустрација на различни пакети податоци.

Видови на пакети податоци

Постојат различни видови пакети податоци за домашен интернет и интернет на мобилен уред. Претходно платениот пакет податоци значи дека плаќате секојпат кога сакате повеќе податоци, а пакет со договор значи дека се обврзувате да вршите месечни плаќања за договорено време.

Договор или отпосле платен (post-paid) пакет: за домашен интернет и интернет за мобилни уреди

Договорните пакети за податоци се достапни за мобилни податоци и домашен интернет:

  • можете да склучите договор за 12 или 24 месеци, но ако ја прекинете услугата пред да заврши договорот може да се применат казни
  • вашиот договор за пакет за домашен интернет нормално вклучува уред за домашна мрежа наречен рутер
  • пакетот може да вклучува скап телефон за услуга за мобилен интернет. Пакетот исто така може да не нуди телефон, па можете да го користите сопствениот
  • пакетот податоци обично е побогат во споредба со претходно платена услуга
  • обично ќе ја плаќате месечната цена откако сте ги искористиле податоците, или кога податоците истекуваат (обично еден месец). Од таа причина, пакетите со договор понекогаш се наречени отпосле платени (post-paid) пакети.

Претходно платен пакет: само за мобилен интернет

Претходно платениот пакет е доста вообичаен за услуги за мобилен интернет:

  • не мора да се обврзувате за фиксен временски период, па можете да ја прекинете услугата или да ја почнете одново секогаш кога што сакате
  • мобилниот телефон вклучен во пакетот може да има пониска вредност во споредба со моделите што се нудат со договори. Пакетот исто така може да се нуди и без мобилен телефон, па можете да го користите сопствениот телефон со пакетот податоци
  • пакетот податоци обично е помал од пакетот што се нуди со договор
  • плаќате пред да ги користите податоците, па затоа ваквите пакети се познати и како претходно платени (pre-paid) пакети податоци.

Кој пакет податоци да го изберам?

Давателите на услуги за интернет нудат различни пакети податоци со различни цени. Добро е да ги разгледате разните даватели за да видите кој го нуди најдобриот пакет за вас.

  • Наоѓањето на соодветен домашен пакет или пакет за мобилни податоци зависи од тоа за што најмногу сакате да користите интернет.
  • Повеќето пакети се делат на мали, средни, големи и екстра-големи. Големината се однесува на тоа колку податоци се вклучени во пакетот.
  • Интернет-локациите за споредба како што се iselect.com.au и whistelout.com.au можат да ви помогнат да најдете соодветен пакет.
  • Пакети податоци може да се купат од давател на услуги за домашен или мобилен интернет. Можете да ги купите од продавница, преку интернет или преку телефон.

Малечки пакети податоци

Како што покажува името, овие пакети нудат мали количества податоци. Тие се најевтини и најдобри ако:

  • ретко користите интернет
  • воглавно само читате едноставни интернет-страници
  • не споделувате фотографии или видеозаписи
  • ретко гледате ТВ или филмови.

Средни пакети податоци

Во зависност од вашиот давател на услуги за интернет, средниот пакет нуди добра рамнотежа помеѓу цената и податоците и најдобри се за луѓе кои:

  • користат интернет секој ден
  • сакаат да споделуваат фотографии со семејството и пријателите
  • гледаат малку ТВ на интернет или еден или два филма
  • мора да споделуваат податоци со двајца-тројца во домаќинството.

Големи и многу големи пакети податоци

Тие се најскапи пакети и обично се наменети за лица кои работат преку интернет или прават речиси сè на интернет. Овие пакети за најдобри за вас ако:

  • цел ден гледате ТВ на интернет
  • гледате многу филмови на интернет
  • споделувате интернет со многу лица во домаќинството
  • не сакате да се грижите ако ги потрошите сите податоци!

Ако не сте сигурни колку податоци ви требаат, можете да почнете со мал пакет, па да го зголемите на среден или поголем штом ќе утврдите колку податоци навистина ви требаат. Секогаш е полесно да го зголемите пакетот податоци, отколку да се префрлите од поголем на помал пакет податоци.